Српската музичка група Милиграм утревечер со почеток во 21 часот ќе одржи голем концерт на градскиот плоштад по повод Денот на ослободување на Куманово.
Концертот е во организација и покровителство на Градоначалникот и Советот на Општина Куманово, а свое обраќање пред публиакта ќе има и првиот човек на градот Зоран Дамјановски, по што ќе следува и спектакуларен огномет.
Пред почетокот на концертот за прв пат после осамостојувањето на Македонија, ќе се одржи Атлетска ноќна трка „11 Ноември“ која ќе запоне во 18 часот пред Хотел Кристал, а во 20 часот ќе има Ликовна изложба на Кумановски ликовни уметници во кумановскиот музеј.

