Голем Counter-Strike 2 турнир викендов во Куманово

Сподели со своите пријатели

По повод четири години постоење, „GAMEBOX“ Куманово го најавува првиот голем LAN 5v5 Counter-Strike 2 турнир, кој ќе се одржи на 25 и 26 октомври 2025 година во просториите на овој гејминг центар.

На турнирот ќе учествуваат 16 тимови од повеќе градови низ земјата, меѓу кои Куманово, Скопје, Штип, Кавадарци и Прилеп.

Организаторите најавуваат силна конкуренција и вистински празник за сите љубители на е-спортот.

Организаторот, Ненад Стојановски од GAMEBOX Куманово, истакна дека ваквите настани се клучни за развојот на домашната е-спорт сцена, која сè уште не е доволно развиена во Македонија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ЖРК Куманово утре против ЖРК Чаир

– Со вакви турнири сакаме да ја оживееме локалната гејминг заедница и да покажеме дека и кај нас има таленти и страст кон е-спортот. Потребно е почесто да се организираат вакви настани за младите да имаат простор да се натпреваруваат и напредуваат, изјави Стојановски.

Турнирот во „GAMEBOX“ ветува два дена исполнети со натпреварувачки дух, забава и адреналин, и е чекор напред кон градење посилна е-спорт култура во Македонија.

Наградниот фонд изнесува 1000 евра.

Никола Ивановски