Голем број села во кумановско останаа без електрична енергија
On:
Сподели со своите пријатели
Поголем број села на потегот на Општина Куманово од вчера се без електрична енергија, поради дефект во електричната мрежа на ЕВН Македонија, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.
Станува збор за селата: Градиште, Кокошиње, Кучкарево, Клечовце и Кшање кои и ноќта ја минаа без струја, а во текот на утринските часови освен набројаните села без електрична енергија останаа и: Зубовце, Кокино, Степанце, Длабочица, Драгоманце, Жегљане и Орашац.
Како што информираат од ЕВН Македонија, нивните екипите се на терен и работат на отклонување на дефектите, по во текот на денот дефектите треба да бидат отклонети.