Голем број настани месецов во НУЦК „Трајко Прокопиев“ (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Голем број настани месецов ќе бидат одржани во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово, информираше денеска директорот Сашо Тодоровски.

Loading...

Веќе утре на репертоарот е годишниот концерт на матичното фолклорно друштво на центарот, Детско-младинскиот фоклорен ансамбл „СРМА“ со почеток во 20 часот во големата сала.

– Очекуваме да дојдат и гости од локалното фолклорно друштво од Бујановац, Република Србија, така да ги повикувам сите заинтересирани да дојдат утре во 20 часот, влезот е слободен за овој концерт, рече Тодоровски.

 

 

На 11 ти јули од 20 часот ќе биде отворена изложбпата „Хералтика“ на иван Ацевски, а ден потоа ќе има промоција на филм на Емил Солевски.

– На 15ти јули ќе направиме детска ликовна работилница за најмалите кои се останати тука во градот за да имаат едно интересно доживување. Ги повикуваме сите креативци да дојдат на 15ти јуни во 11 часот. Најавуваме и книжевна креативна работилница со Јулијана Величковска, писателка од Скопје, за најмалите, каде ќе можат да доживеат едно ново креативно искуство преку учење на креативно пишување, рече директорот.

Loading...

На 16ти јули ќе биде изведена и втората претстава годинава „Писмо“, на албанската драма при Театар Куманово.

– Крива Паланка е град на култура оваа година, поканети сме да гостуваме на 17ти јули од 20 часот со претставата „Волшебникот од Оз“, додаде Тодоровски.

Крајот на месецот ќе го заврши заедничкиот пред-илинденски настап на ДМФА „СРМА“ и КУД „Бајрам Шабани“.

– Би сакал на 29ти да го најавен пред-илинденски концерт на СРМА и на фолклорното друштво „Бајрам Шабани“ кое го организираме веќе три години, на платото или внатре во големата сала, тоа исто така е поддржано од Министерството за култура од годишната програма, рече директорот.

Никола Ивановски