Голем број локации во Куманово утре без струја!

Сподели со своите пријатели

Во текот на утрешниот ден во период од 08:30 до 15:00 часот без електрична енергија ќе останат дел од улиците: „Дојранска“, „Христијан Тодоровски Карпош“, „Киро Фетак“, „Белградска“, „1-ви Мај“, „Вера Ц. Трена“, „Сава Ковачевич“, „Ристовац“ и „Раде Кончар“, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Во период од 08:30 до 17:00 часот прекини во снабдувањето со електрична енергија ќе има и во селата Ваксинце, Слупчане и Оризаре, а станува збор за најавени прикини од страна на ЕВН Македонија поради интервенција во електро дистрибутивната мрежа.

 

Loading...