Голдман Сакс: Глобалната економија ќе порасне за 2,6 отсто во 2024 година

Сподели со своите пријатели

Светската економија следната година ќе порасне за 2,6 отсто, покажува најновата прогноза на глобалната банкарска групација Голдман Сакс.

Loading...

Како што објави CNBC, Goldman Sachs предвидува силен раст на заработката во 2024 година и верува дека најтешкиот период на затегнување на монетарната политика е завршен.

Затоа во својата прогноза тој изрази поголем оптимизам од аналитичарите на Блумберг, кои очекуваат глобален раст од 2,1 отсто следната година.

Голдман Сакс смета дека економијата на еврозоната следната година ќе порасне за 0,9 отсто.

Германија ќе забележи раст од 0,6 отсто, Франција – 1,1 отсто, Италија – 0,7 отсто, Шпанија – 1,7 отсто, се наведува на веб-страницата на организацијата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Санчез најави дополнителни 2,3 милијарди евра за реконструкција по поплавите

Американската економија се очекува да порасне за 2,1 отсто во 2024 година, исто колку и руската економија.

Кинеската економија ќе забави до 4,8 отсто следната година, од очекуваните 5,3 отсто во 2023 година, посочува Голдман Сакс.

Индиската економија ќе порасне за 6,3 отсто во 2024 година, нешто помалку од 6,4 отсто очекуваниот раст оваа година.

Loading...

Голдман Сакс рече дека е „малку веројатно“ креаторите на политиката на развиените пазари да ги намалат референтните каматни стапки пред втората половина на 2024 година, освен ако економскиот раст не е послаб од очекуваното.

Според прогнозите на Goldman Sachs, инфлацијата ќе продолжи да паѓа во поразвиените економии во 2024 година, а можноста за рецесија во овие земји е „ограничена“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Романија најавува суспензија на ТикТок