„Гол“ прв користи Боинг 737 Макс после 20 месеци

Сподели со своите пријатели

Бразилската компанија „Гол“ стана првата авиокомпанија што почна повторно да го користи Боинг 737 Макс на комерцијални летови по 20 месеци, кога беше прекината употребата на овие авиони поради две несреќи во кои загинаа стотици луѓе.

Loading...

Вчерашниот лет беше на релација меѓу бразилските градови Сао Паоло и Порто Алегре.

Бразилската регулаторна агенција за цивилно воздухопловство АНАЦ кон крајот на ноември ја укина забраната за употреба на авионите Боинг 737 Макс, по слична одлука што ја донесе Федералната управа за воздухопловство на САД.

Обновата на летовите со користење на овој вид авиони е многу важна за компанијата „Боинг“, која се обиде да го врати во употреба „Боинг 737 Макс“ многу порано, пробивајќи го првичниот рок, кој беше одреден за крајот на 2019 година.

Компанијата „Гол“ порача над сто авиони „Боинг 737 Макс“, а се очекува „Американ ерлајнс“ да биде следната што ќе ги обнови летовите со овој вид авиони, од 29 декември годинава.

Јасмина Тасевска

Leave a Reply