Според прелиминарната проценка, годишната стапка на инфлација во Франција во јули паднала на 4,3 отсто, од 4,5 отсто во јуни, објави денеска Францускиот национален институт за статистика и економија – Инсее.
Мајската инфлација беше на ниво од 5,1 отсто.
Инфлацијата во Франција сега е на најниско ниво од февруари 2022 година.
Како што е наведено на веб-страницата Insee, овој пад на инфлацијата е резултат на новиот пад на цените на енергенсите од година во година и забавувањето на растот на цените на храната – четврти месец по ред – и на индустриските производи.
Во јули, цените на енергијата продолжија да паѓаат – за 3,8 отсто во однос на јунските 3,0 отсто, додека цените на храната пораснаа со побавно темпо – за 12,6 отсто наспроти јунските 13,7 отсто, како и цените на производите – за 3,4 отсто во споредба со јунските 4,2 отсто. пренесува Танјуг.
Инфлацијата во услужниот сектор благо порасна – за 3,1 отсто во однос на јунските 3,0 отсто.