Когаќе се спомене социјалната мрежа ТикТок барем во Македонија е синоним за некои неубави работи. Социјална мрежа од која излегоа многу скандали, каде се објавува се и сешто.
Сепак во морето такви објави, ќе налетате и на профилот @dafinatiktok. Станува збор за малку повозрасна кумановка, чие вистинско име е Јагода Симоновска.
Таа честопати споделува совети со помладата публика, им пее, танцува и ги забавува, а секогаш им се обраќа со срциња. Ја следат нешто над осум илјади луѓе.
Дека возраста не е пречка за да се ужива во животот доказ се нејзините видеа.
@dafinatiktokReply to @zehra_asmr_10 #dafinatiktok #Makedonijatiktok #balkantiktok #????♬ Dragostea – ✨?✨Jay✨?✨
Не знаеме колку точно Дафина има години, но дефинитивно е повозрасна од многу корисници на оваа популарна социјална мрежа. Сепак и тоа не ја спречува да танцува, а постојано добива и позитивни коментари од оние што ја следат.
@dafinatiktokReply to @marioplayss #dafinatiktok #Makedonijatiktok #balkantiktok #???? #tnx srce ♥️♬ The Style Week-end – DANCEGLITCH?
„Колку само на светов му недостасуваат личности како што сте вие госпоѓо. Дама, грациозна со чиста душа и убавина од милион долари“, напишал еден од корисниците за неа, а таа го поздрави со видео како танцува во неделното попладне.
@dafinatiktokReply to @callmeannnna #dafinatiktok #Makedonijatiktok #balkantiktok #kolku da znaete pred gostinka igram i snimam ????♬ Prokleta Je Amerika – Live – Donna Ares
Од она што може да се заклучи од нејзиниот профил таа има и внуци, а со нив често снима и некои од популарните танцувачки предизвици.
@dafinatiktok#fyp #dafinatiktok #Makedonijatiktok #balkantiktok #???? @okayyhye #srce na nane #moze ke me nauci nesto kako da igram???aaaa♬ origineel geluid – joe mama
„Ти си како добра вила, на сите им ги исполнуваш желбите. Ако барем успееш да ги усреќиш децата секоја чест, така и треба, децата треба секогаш да се среќни“, ѝ напишал друг корисник, а таа го поздравила со видео како танцува на градскиот кеј во Куманово.
@dafinatiktokReply to @ludadoka #fyp #dafinatiktok #???? TAKA E PRIJATELKE MOJA DECATA NEKA SE RADUVAAT♥️♥️♥️♬ original sound – dafinatiktok
„Знам да уживам во животот, во денот, во мигот, во секоја ситуација, со сите пријатели околу мене. Во тој миг и таму кај што сум. Значи оној кој живее знае да живее и да се радува на се, знае секогаш тоа да го прави и секаде. Не велам дека немам некои тажни моменти, меѓутоа и кога ќе паднам, гледам што побргу да станам и да продолжам да одам. Тоа е метафорички кажано. Инаку не очекувам никој да ми го креира мојот ден, јас си го креирам сама. Мојата насмевка јас сама ќе си ја направам ако треба, не очекувам никој да ми го креира мене денот и расположението“, вели таа.
@dafinatiktokReply to @sefora___428 #fyp #dafinatiktok #Makedonijatiktok #balkantiktok #????♬ original sound – dafinatiktok
@dafinatiktokReply to @devojkataodskopje #fyp #balkantiktok #Makedonijatiktok #balkantiktok #????♬ original sound – dafinatiktok