Кинеските лекари ги шокирал случај на еден пациент кој се пожалил дека тешко дише. На рентген забележале лажица долга 20 сантиметри во грлото на мажот, а што е уште почудно, со месеци таа не му пречела.
Момчето во дваесетти години сакало да ги импресионира пријателите со голтање на прибро за јадење, и се било „во ред“ додека некој неодамна не го удрил во градите.
На лекарите им биле потребни два часа да го отстранат објектот од човекот кој се превиткувал во болки, но на крајот се минало како што треба.
Еден од лекарите рекол дека бил многу изненаден и дека никогаш не видел нешто слично. Исто така навел дека момчето имало многу среќа затоа што голтање на толку големи предмети е опасно по животот.