Година дена глумел мртовец на ТикТок па добил улога во позната серија

Сподели со своите пријатели

Човек кој „глумел“ мртовец на ТикТок речиси една година доби улога во серијата CSI: Vegas.

Loading...

Продуцентите очигледно го препознале неговиот уникатен талент и му ја понудиле улогата на мртовец, пишува Daily Mail.

Џош Нали (42) од Кентаки вообичаено работи како менаџер во ресторан, но стана „познат“ поради неговите видеа на социјалните мрежи.

Дури 321 ден по ред ја отелотвори својата омилена улога за следбениците, чиј број секојдневно растеше…

Во интервју за USA Today, тој изјави дека не може да поверува дека неговите „вештини“ конечно биле препознаени од продуцентите.

– Добив мејл од тимот на CBS. Рекоа дека ја виделе мојата снимка и ми ја понудија улогата. Ми го платија патувањето во Калифорнија и се сретнав со режисерот – вели човекот познат по своите видеа каде „глуми“ безживотно тело на различни локации.

 

Loading...

 

– Не сакам да зборувам пред камери. Но, лесно можам да играм мртовец. По околу 300 од овие објави, станував се подобар и подобар. На почетокот можеа да ме видат како дишам и лажната крв беше лоша, но работев на тоа.

Се разбира, тој ја искористил посетата на Калифорнија за да сними неколку видеа на кои глуми мртовец.

За улогата во серијата бил нашминкан и подготвуван пет часа, а сцената е снимена по неколку обиди.

– Еднаш ми заѕвони мобилниот, кој ми остана во џеб. Малку ми беше непријатно – вели Американецот.

Неговиот талент го препознаа и режисерите на неколку нискобуџетни филмови, го бараат и за спотови, а тој малку повеќе ќе ги „тежи“ нивните понуди.

На идеја дошол кога видел дека една жена прегледува лути сосови на социјалните мрежи и како веднаш добила понуди за соработка од неколку компании.

– Ја добив улогата и успеав во целта – вели на крајот.

Loading...

 

@living_dead_josh #csivegas #fyp #foryoupage ♬ Something in the Orange (Z&E’s Version) – Zach Bryan