Го затвориле вработениот па ограбиле бензинска во село Романовце

Сподели со своите пријатели

Утринава во 04,55 часот во СВР-Куманово, М.М. вработен во бензинска пумпа лоцирана кај село Романовце, пријавил дека четири непознати маскирани лица, со закана со пиштол и тврд предмет го затвориле во посебна просторија, и му одзеле мобилен телефон, пари од дневниот промет и цигари, по што го напуштиле лице местото.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата, информираат од Министерството за внатрешни работи.