Израелската полиција привела еден палестински работник откако неговата порака на Facebook која гласела „добро утро“, погрешо автоматски била преведена на компјутерот, затоа што на должност биле двајца полицајци кои зборувале арапски.
Еден Палестинец минатата недела објавил на својот Facebook профил фотографија од градилиштето каде работи во еврејската населаба Беитар Илит кај Ерусалим. Се сликал покрај булдожер, а на фотографијата на арапски напишал добро утро.
неговите зборови Facebook автоматски ги превел на хебрејски како „нападни ги“, а на англиски „повреди ги“.
Сомнежот на полицијата дополнително бил потикнат од фактот дека Палестинецот се фотографирал покрај булдожер, возило кое претходно е користено во напади на Израелци.
Полицијата се посомневала за таков напад и го привела.
По испитувањето сфатиле дека се работи за грешка во преводот и дека тој напишал само „добро утро“.
Приведениот бил ослободен по неколку часа. Човекот одбил да даде изјава за израелските медиуми и бргу ја избришал фотографијата од Facebook.