Го ставил пенисот во ова, па полниот орган му го ваделе 17 часа, а на крајот повикале забар (фото)

Сподели со своите пријатели

Еден 37-годишник од кинескиот град Линхаи, ставил пенис во работен клуч и си направил кошмар. Во акцијата за спасување биле вклучени голем број луѓе, од лекари, преку пожарникари, до забари. Агонијата траела цели 17 часа.

Тргнало секако од лекарите кои не успеале да го решат проблемот, па повикале пожарникари.

Тие се обиделе со брусалица, но пенисот веќе бил натечен и помодрен. Пожарниакрите заклучиле дека топлината која ја прави брусалката претставува опасност за пациентот. Потоа во игра се вратиле лекарите кои сакале да направат операција за да го намалат протокот на крв и да го извадат клучот, но и од таа идеја се откажале поради опасност по пациентот.

Еден лекар се сетил дека проучувал сличен случај и предложил да повикаат забар. Дошле двајца и успеале со забни дупчалки да го решат проблемот по половина час работа. Забните дупчалки имаат можност за ротација од 200 до 300 илјади пати во минута, а еден од забарите изјавил дека со помош на воден ладилник ја намалиле топлината предизвиката со дупчењето.