Штетата на скапото возило не е занемарлива, а сопственикот ќе мора да ја плати од свој џеб бидејќи автомобилот не бил регистриран или осигуран.
Форд ГТ во верзијата Heritage Edition е многу редок автомобил, бидејќи се направени само 346 примероци.Овој модел е сон на секој американски љубител на автомобили, но за 50-годишникот од Бока Рантон на Флорида тој сон се претвори во Кошмар.
Според Мотор1, сопственикот одлучил да го вози неодамна купениот Форд ГТ низ областа каде што живее, но набрзо изгубил контрола над автомобилот и удрил во блиската палма.
За време на полициската истрага, несреќниот сопственик признал дека никогаш не возел автомобил со рачен менувач.
Штетата на Фордот не е занемарлива, а сопственикот ќе мора да ја плати од свој џеб бидејќи автомобилот не бил регистриран или осигуран. Денешната вредност на Ford GT Heritage Edition од 2006 година е околу 700.000 долари.