Не е невообичаено луѓето да чувствуваат лутина, бес, разочарување по раскинувањето и да кажат некои груби работи за тоа за кои подоцна се каат.
Често постои желба за одмазда на страната на повредениот, но гласот на разумот и времето што ги лекува раните, не дозволуваат поединците навистина да направат нешто.
Девојката по име Кејти Бересфорд објави видео на кое се гледа како веќе некое време му се одмаздува на бившиот и ги шокира луѓето со постапката. Секој ден доаѓа кај него дома и преку сандачето му фрла сирова риба!
На социјалната мрежа ТикТок каде го објави видеото, таа започна голема дискусија, но и коментари полни со осуда и омраза.
“ Опседната си со него, оди на лечење“, ѝ напишал некој.
По лавината од грди коментари, Кејти рекла дека сето тоа е само шега и дека рибата ја фрлила низ поштенското сандаче само еднаш – и тоа не на поранешни, туку на непознати луѓе.
Ниту таа изјава не ја намали осудата, бидејќи на многумина не им е јасно зошто некому би направила такво нешто, а малкумина се сомневаат дека тоа го кажала само за да се извлече од ситуацијата, пренесува Метро.
https://www.tiktok.com/@katieber5/video/7048323085346344198?is_from_webapp=1&sender_device=pc&web_id7052228118732375557