Го разбудил возачот од спиење, но тоа било голема грешка: Се случила драма која никој не ја очекувал

Сподели со своите пријатели

Пол Стенхоп (38) спиел во својот камион околу 6 часот наутро кога го разбудил звукот на блискиот камион од паркинг во Ливерпул, управуван од Рамунас Кјаулис.

Стенхоп требало да ја започне смената околу 10 часот, а во тој момент спиел, но не можел да се одмори од вревата.

Тој истрчал од камионот кон возилото кое правело врева и почнал да го навредува Ќаулис, а откако му возвратил, настанала вистинска драма.

 

 

Најпрво Стенхоп со тврд предмет го скршил прозорецот на соседниот камион и направил штета од 250 евра, а потоа со дрвен стап почнал да го тепа Ќаулис удирајќи го десет пати.

Обвинителот Чарлс Лендер пред судот истакна дека арогантниот камионџија имал нож со себе и дека имал среќа што не го повлече ниту Ќаулис.

-Обвинетиот замавнал со нож и се заканувал додека одел кон камионот на жртвата. За среќа, обвинетиот не го повредил со нож, но поради тоа ваквите тепања со стап би можеле да бидат многу опасни – изјавил Чарлс, пренесува Liverpool Echo.

 

 

Стенхоп на сослушувањето негирал дека бил под дејство на алкохол, а тврди дека само го фрлил стапот во правец на друг возач и дека не го претепал брутално.

За ножот, вели, го извадил во самоодбрана.

Сепак, судијата го осуди насилниот камионџија на 14 месеци затвор, наведувајќи дека иако ножот не повредил друг возач, тоа е „повеќе од среќа отколку од намера“.