Прабабата Рут Феар го прослави својот 110 роденден на почетокот на декември, но не била сигурна колку години има.
Таа го одбележа големиот ден опкружена со пријателите и семејството, а кога нејзината внука, 47-годишната Тери Трајан, ја прашала колку години има, Рут одговорила дека нема поим.
Кога ја известиле дека тој ден наполнила 110 години, таа била видно изненадена.
Но, и покрај нејзината возраст, Феар е релативно весела и генерално не заборава, изјави нејзиното семејство за South West News Service.
„Понекогаш талка затоа што возраста и влијае на нејзината меморија, но кој може да ја обвини“, рече 27-годишната Алиса Луго, мајка на нејзиното најмладо потомство, тригодишниот Џулијан Луго, чие раѓање ја одбележа петтата жива генерација во семејството.
Алиса додаде дека иако можеби повеќе не се сеќава на сите детали, Рут живеела исклучително исполнет живот и е прекрасна мајка, баба и пример за своите деца и за децата на нејзините деца.
„Рут мина низ две светски војни, Големата депресија и сега глобална пандемија. Таа нема деменција, само понекогаш е малку збунета, но горе-долу е своја цело време. Нејзината реакција кога дозна дека има 110 години е непроценливо и тоа е видео што ќе го паметиме, засекогаш“, рече Алиса.