Една девојка одлучи да му приреди на своето момче изненадување што никогаш нема да го заборави.
Пол и Алиш биле во врска со години и за тоа време, тој неколку пати ја замолил да се омажи за него. Сепак, Алиш не се согласила со ниту еден од неговите предлози.
И тогаш одлучила да му приреди необично изненадување: организирала лажна венчавка за двајца пријатели, каде што Пол требало да биде кум.
Кога младиот човек дошол на местото каде што требало да се одржи наводната венчавка, имал што да види – неговата девојка стоела облечена во венчаница. Потоа го зела микрофонот и почнала да пее, а потоа паднала на колена и го запросила.
Во објавеното видео, Пол по предлогот вели: „Не!“ и бега, но наскоро се премислува и се завршува со бакнеж и прегратка.
– Последните две години тој ме побара за сопруга околу 30 пати на ден, а јас веќе бев двапати во брак и се двоумев за тој чекор, но конечно се осмелив – рече Алиш.