Мутијала Гадаја го погребал телото на својата сопруга Гиријама (70) на 15 мај минатата година, за која се верувало дека починала од Ковид во болница во Андра Прадеш, Индија.
Имено, сопругата на Мутиал, Гиријама, се заразила со коронавирус, а нејзиниот сопруг ја посетувал секој ден, додека еден ден сестрите не му кажале дека неговата сопруга ја загубила битката.
Во мртовечницата му предале тело кое било спакувано во вреќа, за да може да ја погреба сопругата во нејзиното родно село.
Исплашен од инфекцијата, Мутијала не ни погледнал во кесата, па само ја закопал, заедно со скршеното семејство и пријателите.
Кога решил на 1 јуни да одржи панихида за сопругата, бил многу тажен што го загубил својот животен сопатник.
Сепак, оваа приказна добила среќен крај, кога неговата сопруга налутено се појавила на вратата од нивниот дом на 2 јуни.
Не само што не умрела од коронавирусот, туку цело време била во болница, а на сопругот му била многу лута затоа што не ја посетил и затоа што не ја земал од болница, туку ја оставил на врати сама.
Болницата се најде на суд, а епилогот сѐ уште не е на повидок.