Маж од Кина стана ѕвезда затоа што со години се обидува да се ожени. Овој жител на Пекинг се жали дека за осум години прашал 80.000 жени дали би сакале да бидат со нив и дека сите го одбиле.
Њу Сјенгфенг за прв пат е снимен во 2013. година како оди во Пекинг со натпис дека бара жена. Тогаш рекол дека татко му умрел од рак и дека треба да се ожени и да основа семејство, пишува порталот „Oditi sentral“.
Денес повеќе не оди со натписи низ градот, а некои оценуваат дека тоа е затоа што овој 31-годишник има многу агресивен пристап. Меѓутоа тој вели дека девојките денеска се бесрамни, односно дека бираат згодни мажи кои имаат „добра“ приказна.
Го уапсиле под обвинение дека е премногу убав и дека ги излудува девојките (видео)