Го нарекуваат „грчки бог“, а жените се фасцинирани од неговото тело и поглед (ФОТО)

Loading...
Сподели со своите пријатели

Грчкиот тенисер Стефанос Циципас (22) брзо се етаблираше како еден од најпосакуваните мажи во моментот.

Иако загуби од Новак Ѓоковиќ во финалето на Ролан Гарос, тениските експерти ја превидуваат неговата светла иднина, а тој се здоби со голем број фанови поради неговиот изглед.

 

 

Згодниот Грк ги полуде жените со мускулесто тело, сонувачки изглед и локните, а веќе го има добиено и прекарот „грчки бог“.

Спортистот, кој во слободно време се занимава со фотографија, често ги споделува своите фотографии без маици на Инстаграм и со право брои над 1,4 милиони следбеници кои редовно го опсипуваат со лајкови и комплименти.

 

Loading...

 

И иако во моментов е во центарот на вниманието на јавноста, неговите пријатели велат дека тој е многу срамежлив, но исто така и дека е многу повеќе од убаво лице.

„Стефанос е вистински филозоф и мислител и тој е многу горд што е Грк“, изјави пријателот на тенисерот за „Дејли меил“.

 

 

Но, за жал на многу обожавателки, Стефанос е во врска и има подеднакво згодна девојка Теодора Петалас со која го поминува секој слободен момент, а заедно обично играат тенис.

Loading...

 

Leave a Reply