Го нацртал целиот албум на „Панини“, затоа што мајка му немала пари да му го купи (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

На осумгодишниот Педро од Бразил мајка му не можела да му го купи албумот и сликичките на „Панини“ од Светското првенство во фудбал, па момчето одлучило сам да си го нацрта.

Секоја втора година, момчиња, возрасни мажи, но и бројни девојки нетрпеливо ги чекаат новите албуми на „Панини“ со сликички од познатите фудбалери, за да го исполнат до почетокот на Светското првенство.

Но, бидејќи мајката на Педро не можела му го купи овогодинешниот албум, тој решил да го анцрта. Кога тоа го завршил, започнал да ги црта и сликичките од познатите фудбалери.

– Кога го заврши, рече дека ќе го однесе на училиште. Се плашев дека ќе му се смејат поради тоа, но децата во одделението беа воодушевени, раскажала неговата мајка.

Loading...

Leave a Reply