Сонг Џи измамила дури три милиони следбеници на социјалните мрежи и бројни модни брендови, а всушност се фалела со фалсификати и лажниот луксузен живот што наводно го водела.
Корејската инфлуенсерка Сонг Џи, позната и по прекарот Фризија, до пред неколку недели беше една од најголемите ѕвезди на својата земја, а потоа беше откриена измамата што таа внимателно ја смислила.

Популарноста на 25-годишната девојка вртоглаво порасна откако таа се појави во јужнокорејското шоу за запознавање „Single’s Inferno“, по што милиони луѓе почнаа да ја следат на социјалните мрежи, восхитувајќи се на нејзините скапоцени и дизајнерски работи, со кои таа се фалеше.
Сепак, нејзината популарност опадна исто толку брзо како што растеше откако беше откриено дека луксузните предмети што ги истакнува се всушност лажни.
Згора на тоа, Сонг Џи не само што носела фалсификувана дизајнерска облека на шоуто во кое се појавила, туку отишла чекор понатаму со снимање спонзорирани објави на Инстаграм и Јутуб, а сето тоа со лажни производи.

Така во едно видео таа се пофали со фалсификувана чанта Диор како и со фалсификувани парфеми.
Иако не е невообичаено инфлуенсерите да ги преувеличуваат своите животи, нејзиното погрешно претставување особено влијаело на три милиони фанови кои ја следеле бидејќи целата нејзина слика се засновала на богатство и привилегии.
Сонг Ји се пофали дека живее во Сеул Форест Тримаж, кој е познат како еден од најпосакуваните станбени комплекси во земјата и омилен меѓу К-поп идолите и познатите личности.
Таа исто така изјавила дека посетувала едно од најдобрите училишта во Кореја, Универзитетот Ханјанг, што само придонело за нејзината популарност во земја опседната со образование.
Но, по избивањето на скандалот, фановите дополнително ја истражувале и откриле дека присуствувала во студиото за танц во Ханјанг, додека други заклучиле дека нејзиниот стан е всушност изнајмен и не и припаѓа.

„Со ова темпо, само треба да го избришете профилот на Инстаграм“, „Зошто лажеше дека е родена со златна лажица во устата. Сета таа арогантна дрскост дека би победила било кого во Single’s Inferno. Со што? Со нејзините луксузни брендови“
„Овие инфлуенсери плаќаат илјадници за такви реклами на брендови, а таа всушност направи измама покажувајќи лажна чанта на Диор, нели?“, заклучија нејзините поранешни следбеници на социјалните мрежи.
И самата проговори и се обиде да им се извини за сите лаги што ги покажала, на своите следбеници, но и на познати брендови.
„Како човек кој сонува да основа сопствен бренд, длабоко ќе размислувам за се. Сите содржини со откриени фалсификати се избришани и им се извинувам на брендовите кои се оштетени поради мене“, рече Сонг Џи.
Сепак, извинувањето само ја засили контроверзноста, бидејќи се откриваа се повеќе дизајнерски фалсификати.
Во меѓувреме, таа ги отстрани сите објави од своите профили на социјалните мрежи, освен рачно напишаното извинување на Инстаграм и видеото на Youtube, а се чини дека нејзиниот сон да основа сопствен бренд веќе нема шанси.
View this post on Instagram

