Го изнајмила станот и заминала на одмор, а новиот станар го претворил во бордел

Сподели со своите пријатели

Сабрина Тоблер (30), како што ја нарекле новинарите, затоа штос акала да остане анонимна, заминала од ЦИрих три месеци на Хаваи. Вели дека сакала да се одмори, а станот во кој живеела го изнајмила.

Loading...

– Го изнајмив станов на Германец кој остави многу сериозен впечаток, вели Сабрина.

Но, изгледа дека првиот впечаток сепак ја имзмаил, затоа што мажот во нејзиниот стан направил илегален бордел.

– Ме повика полицаец и ми рече што се случува, тврди Сабрина.

На интернет се појавиле повеќе проститутки кои на нејзината адреса ги нуделе своите услуги. Објавиле и огласи во кои наведуваат дека нудат забава и ги повикуваат клиентите да ги псоетат во наведениот стан.

Иако полицијата во станот веќе била, проститутките и натаму во него пружаат услуги.

– Се чувствувам беспомошно, се наоѓам буквално во рајот, но моите мисли постојано се во Швајцарија. Без оглед што работам постојано мислам за својот стан и своите работи. Го изгубив својот дом, морам да пронајдан нов стан, вели очајната Сабрина.

Полицијата вели дека мажите ја предупредиле дека без одобрение води бордел, но дека тука се работи за прекршок кој се казнува со парична казна.

Loading...

Сепак, нагласуваат дека истрагата и натаму е во тек, пишува швајцарскиот Blick.

Leave a Reply