Го фатиле на аеродромот во Лондон со 20.000 цигари, изговорот му е одличен!

Сподели со своите пријатели

Петер Бојкун (56) бил фатен на аеродромот Лутон во Лондон со 20.000 цигари. Кога полицијата го уапсила, тој им рекол дека припаѓаат на него и неговата сопруга.

Loading...

Петар му рекол на судијата дека неговата сопруга и тој во просек пушеле по пет кутии цигари дневно. Тој му рекол на судијата дека во август 2018 година, купил големи количини цигари за лична употреба.

Тој купил цигари во Словачка, од каде што е, бидејќи таму се многу поевтини отколку во Британија.

 

 

– Никогаш не сум продавал цигари, само ги купувам. Овие цигари треба да ни издржат наредните четири месеци – се бранеше Петар пред судијата.

Сепак, ова нема да го спаси од плаќање на казната од 5.800 фунти, за обидот да внесе толку многу цигари во Велика Британија.

Loading...

Ова не е првпат Петар да биде фатен на граница со голема количина цигари, пишува Метро.

Пред четири години, му биле запленети 42.000 цигари, а неколку месеци подоцна, уште 21.000 биле пронајдени во неговиот автомобил.

 

 

Овој пат бил уапсен на аеродром, а со себе имал една помала и една поголема вреќа полна со цигари.

– Не можеме да разбереме зошто господинот продолжува да се обидува, кога цигарите му беа конфискувани секој пат кога се обидуваше да влезе во земјата – соопшти полицијата.