Го чувал детето шест години, па дознал дека тој не му е татко

Сподели со своите пријатели

Таткото Џон од Австралија бил шокиран од признанието. Човекот открил дека неговата шестгодишна ќерка не е негова.

Loading...

Еден човек по име Џон ја сподели својата приказна со слушателите на радио-емисијата „Кајл и Џеки“ на 30 септември. Она што тој би сакал е совет како да се соочи со сопругата.

Добил отказ во градинка затоа што децата имале кошмари од него, сега стана учител (ФОТО)

„Тешко е затоа што немам никому кажано. Таа зачна млада, во време кога не бевме во брак”, ја започна приказната Џон.

Двојката била во врска две години, а потоа дознале дека очекуваат бебе.

„Кога имате дете, сè е неверојатно. Сега кога погледнав наназад, не знам што да мислам. На крајот на денот секогаш ќе ја нарекувам ќерка ми, но се обидувам да добијам одговори на прашањата дали треба да заминам или да останам. Тешко ми е да ја гледам сопругата, но девојчето сè уште е моја ќерка“, рече тој.

Колку време дневно би требало да поминуваат децата пред екраните?

Тој ја дознал вистината откако со години не можеле да имаат второ дете. Отишол на тестови и лекарот му рекол дека е неплоден цел живот. Потоа направил ДНК-тест кој покажал дека не е татко на девојчето за кое мислел дека е негова ќерка.

Loading...

Слушател по име Дејв се појави во шоуто и призна дека истото му се случило кога неговата ќерка имала две години.

Вистината го принудила да ги прекине сите односи со детето и неговата мајка. Човекот плачел и рекол дека неговата партнерка е токсична и дека девојчето сè уште не е сигурно кој е нејзиниот татко.

Децата опседнати со социјалните мрежи се склони кон проблеми со менталното здравје

Џон бил вознемирен од приказната и коментирал дека не сака да ја прекине врската со неговата „ќерка“.

Повеќето луѓе мислат дека одлуката зависи од него, но тие го советуваа да ја каже вистината на девојчето, подобро порано отколку подоцна.

Leave a Reply