Не стивнуваат реакциите во Израел на скандалозната изјава на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, кој во едно неодамнешно интервју рече дека „Хитлер имал еврејска крв“ и дека „најжестоките антисемити обично се Евреи“.
Вчера на разговор беше поканет и рускиот амбасадор во Израел, а Израел бара официјално извинување за изјавата на Сергеј Лавров.
Зеленски: Москва не ги научи лекциите од Втората светска војна
Рускиот шеф го рече ова во обид да го оправда тврдењето на Русија дека Украина е „нацистичка“ и покрај фактот дека има Евреин како претседател.
Џерусалим пост во анализата објави дека изјавата на Сергеј Лавров значи дека Израел не може повеќе да биде неутрален за војната во Украина.
Плановите на Ерусалим „некако да остане над војната“ пропаднаа, се вели во анализата.
Зеленски: Москва не ги научи лекциите од Втората светска војна
Израелскиот весник „Хаарец“, пак, цитира коментар на Американскиот еврејски комитет, кој посочува дека „денасификацијата е навистина неопходна, но во Москва, не во Киев“.
– Рускиот министер за надворешни работи, еден од главните помошници на Путин, јасно кажа зошто. Неговата изјава е гротескна – се наведува во коментарот што го објави Хаарец.