Новиот Gmail наскоро доаѓа до сите корисници, но промените засега не се задолжителни – оние кои сакаат можат да го задржат стариот изглед уште некое време.
Google го претстави редизајнот на Gmail уште во јануари, но само за ограничен број корисници чии коментари и поплаки помогнаа да се поправат сите грешки и да се решат проблемите.
Така настана конечната верзија која наскоро треба да стигне до сите оние кои го вклучиле четот.
Нема драматични промени кога станува збор за интерфејсот, а најголемите промени се поврзани со подобрата интеграција на услугите Chat, Spaces и Meet во Gmail.
Оние на кои не им се допаѓаат промените можат да се вратат на стариот начин, доколку кликнат на копчето Quick Settings и изберат „Go back to the original Gmail view“.
Таа можност веројатно ќе исчезне подоцна, бидејќи Gmail не се менува без причина, но промената засега може да се одложи.