Тиктокерот Патрик Барнс наишол на видео на кое човек се преправа пред германски овчар дека е нападнат од цевка со правосмукалка.
Loading...
Кога видел што се случува, овчарот почнал силно да лае и му пришол на помош на својот господар.
Барнс се прашувал дали неговото мало бело куче Квинси ќе го направи истото.
Ја вклучил правосмукалката пред кучето, па го извадил продолжетокот и почнал да се преправа дека цевката го држи за вратот и напаѓа.
Кутрето направи чекор назад и јасно стави до знаење дека не сака да се меша.
Го гледал својот сопственик неколку секунди, а потоа незаинтересирано ја свртело главата на другата страна.
Урнебесното видео собра 55 милиони прегледи, а реакцијата на кученцето насмеа многумина до солзи.
Loading...
@patrickbarnesHe over there thinkin “Better you than me” 😂 @novikovsv