Глобалното богатство опадна: Најголеми губитници се САД и Европа

Сподели со своите пријатели

Глобалното богатство падна во 2022 година за прв пат по 14 години, се вели во заедничкиот извештај на швајцарските банки Credit Suisse и UBS.

Loading...

Според Извештајот за глобално богатство, вкупното приватно богатство се намалило за 2,4 отсто минатата година на 454,4 трилиони долари, а богатството по возрасен паднало за 3,6 отсто на 84.718 долари, пренесува Fox Business.

Најголем пад на богатството е забележан во Северна Америка и Европа, главно поради апрецијацијата на доларот во однос на неколку други валути и високата инфлација, изјави авторот на извештајот Ентони Шорокс.

Меѓу најголемите губитници се САД, Јапонија, Кина, Канада и Австралија, додека најголеми добитници се Русија, Мексико, Индија и Бразил.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  „Зошто го исклучи доводот на гориво?“ Мистериозен разговор на пилотите од индискиот Боинг во кој загинаа 260 луѓе

Во извештајот се тврди дека глобалното богатство ќе порасне за 38 отсто до 629 трилиони долари во следните пет години.