Еден од најпознатите метеоролози во Македонија, Глигор Митковски денеска со линк на Телевизија „НОВА“ даде една анализа на вчерашното невреме кое го зафати скопскиот регион.
Тој истана дека ниту од своето лично исксутво, ниту од онаа на повозрасните колеги не се памети некогаш главниот град да бил зафатен од вакво невреме.
Атипично е што тој облак во многу да речам кус размер, каде ајде да кажеме на потегот од Батинци кон Арачиново што можеби патно е голема разлика, но не и воздушна линија, имавме обновување на самиот облак, имавме систем на блокирање заради околните планини, односно знаеме дека до Арачиново е веднаш Скопска Црна Гора, имавме обновување и од задна страна и блокирање од предна страна на самиот облак. Имавме блокирање на системот, нон стоп полнење на самиот облак и таа вода некаде мораше да се истури, за жал овој пат нели во населените места околу Ченто, Стајковци и Арачиново – вели Митковски.
Според него не постои начин да се спречи ваква состојба, засенување на облаците не можело да се искористи во текот на вчерашниот ден.
Дури се спомена противградобина одбрана. Противградобината одбрана може да спречи град, но нема да спречи водата да падне на тло. Да може да се спречи, Американците би спречиле да има Торнада кај нив – додава Митковски.
Веќе во попладневните и вечерните часови се очекува ново настанување на нестабилност, но не како онаа во вчерашниот ден, кога во Скопје наврнаа 93 литри на метар квадратен.
Извор: ТВ НОВА