Водечката руска авиокомпанија Аерофлот ќе ги прекине сите летови во странство од 8 март, освен оние за Белорусија, објави новинската агенција ТАСС.
Се проценува дека руските авиони би можеле да бидат запленети во странство.
Путин: Русија се обиде да го реши конфликтот во Украина по мирен пат
Руската државна агенција за воздухопловство препорача руските авиокомпании кои изнајмиле странски авиони да ги прекинат патничките и товарните летови во странство од 6 март и од странство кон Русија од 8 март.
Оваа препорака е последица на проценките дека нивните авиони може да бидат запленети или блокирани во странство.
Европската унија, Обединетото Кралство, САД и некои други земји ќе го затворат својот воздушен простор на почетокот на следната недела како дел од пакетот санкции воведени поради инвазијата на Украина.