Гласачките места во Општина Куманово отворени навремено (фото)

Сподели со своите пријатели

Сите избирачки места во Општина Куманово утринава во седум часот беа отворени за гласачите каде во текот на денот право на глас имаат 90.848 граѓани.

 

 

Првите гласачи уште рано утринава го остварија гласачкото право и очекуваат фер и демократски избори.

Гласањето на ласачкото место 1045 е отворено навремено, без никакви проблеми точно во седум часот, претходно беше пергледан и пребројан избирачкиот материјал. Првите гласачи веќе го направија својот избор. Очекуваме фер и демократски избори и гласањето да помине во најдобар ред – рече Катерина Ивановска, претседал на избирачко место 1045.

 

Гласањето во Куманово ќе се одвива на 167 избирачки места, каде право на глас во втората изборна едница имаат 89.427 кумановци, додека 1.421 лице своето избирачко право ќе го остварат во третата изборна единица.

 

 

Во Општина Старо Нагоричане денес ќе се гласа на вкупно 37 избирачки места, а на 36 во Општина Липково.

Гласањето ќе трае до 19 часот кога се затвораат сите избирачки места по што ќе се сумираат резултатите.

 

 

Во најдобар ред заврши и вчерашното гласање кога 166 затвореници и 212 болни и изнемоштени лица го реализираа своето избирачко право.