Ѓукановиќ е новото засилување на КК Куманово

Сподели со своите пријатели

Кошаркарскиот клуб Куманово продолжува со формирање на новиот ростер за сезоната што претстои, а последен кој се придружи на тимот е плејмејкерот Ѓукан Ѓукановиќ.

Loading...

Станува збор за 28-годишен плејмејкер висок 182 сантиметри, а со потекло од Србија.

Во Куманово доаѓа од редовите на Пирот каде играше изминатата сезона, а ги има носено и дресовите на Челик Зеница, шпанска Љеида, Металац, Хопси Ползела и Колин.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by KK KUMANOVO 2009 (@kkkumanovo)

Српскиот интернационалец додека беше член на Металац, двапати ја освои наградата за најкорисен играч во кошаркарската лига на Србија, во сезоните 2017/18 и 2018/19.

Освен него, досега потпис на договорите ставија и Стеван Глигоријевиќ и Андреј Настовски.

Преговори траат со уште еден интернационалец од регионот, а плановите се оваа сезона кумановци да заиграат и на меѓународна сцена.

Loading...

Никола Ивановски

Leave a Reply