Крај на пандемијата, успех и развој на градот, а пред се здравје на сите граѓани на Општина Куманово денеска им посака претседателката на Советот на општината Ивана Ѓорѓиевска.
Loading...
– Прекрасен ден денеска, Бадник, премногу луѓе и во црква и по кумановските улици. Овде на плоштадот убаво направено и осмислено, многу радосни дечиња со ѕвездчки. Би посакала во името на Советот на Општина Куманово да им го честитам Бадник, Божиќ, а претходно и Нова година на сите граѓани на Куманово, да им посакам многу успех, многу здравје, да заврши пандемијата, да имаме успех и развој на градот, изјави Ѓорѓиевска.