Претседателката на Совет на Општина Куманово Ивана Ѓорѓиевска со претставници на Општината, присуствуваше на 57 – мата манифестација “Празник на мимозата” во Херцег Нови, која ги слави пролетта, пријателството и вредностите на животот.

Овој град како центар на забава, гастрономија и спорт во регионот, понуди повеќе од 60 програмски содржини. Се одржа традиционалната берба на мимози, позната како фешта од мимози, риба и вино, долж херцегновската ривиера. Централната програма се одржа во Баошиќи со поворка од мажоретки и музика, а маскенбалот во институтот „Д-р Симо Милошевиќ“ во Игало.

Оваа масовна манифестација ја посетија бројни амбасадори, владини функционери на Црна Гора, меѓународни претставници, дипломати од регионот и светот, почитувајќи го значењето на туризмот и културните настани.

Ѓорѓиевска оствари средби со градоначалникот на Општина Херцег Нови Стеван Катиќ, потпретседателот на Општината Иван Отовиќ, со претседателот на Собранието на Херцег Нови Милош Коњевиќ и министерката за култура и медиуми во Влада на Црна Гора Тамара Вујовиќ. Средбите се одвиваа во насока на спроведување на позитивната иницијатива за плодна прекугранична соработка, развивање на богатиот туристичкиот потенцијал, како и можно збратимување на двете страни, кое ќе донесе сериозни проектни активности, во корист на граѓаните од двете општини.

“Празник на мимозата” докажува дека овој град на брегот на Јадранското море, во подножјето на планината Орјен, во овој период од годината станува едно од најатрактивните места, каде што традицијата и културата создаваат единство.





Интегрално соопштение

