Ѓорѓиевска: Апелирам на колективна свест, не палете ѓубре во летните горештини (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Претседателката на Советот на Општина Куманово, Ивана Ѓорѓиевска, упати апел до граѓаните да покажат поголема одговорност во справувањето со отпадот и да престанат со несоодветно палење и фрлање на облека и друг отпад на јавни површини.

Loading...

– Најчесто кога велиме „немој да палите“ некако се повеќе се пали, кога велиме „не фрлајте“ се повеќе се фрла. Некако како луѓето многу работи да работат контра општината и контра нашите заложби како Совет, изјави Ѓорѓиевска.

 

Таа информираше дека реката и други делови од Куманово се преполни со отпад, особено со текстил, и дека не треба повеќе облека да се носи во Црвениот крст.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановската полиција привела тројца криминалци барани со потерница

– Апел до нашите сограѓани – Црвен крст е полн со гардероба, и затоа нема потреба да носат гардероба во Црвен крст затоа што се полни. Имам информации такви. Меѓутоа, еве – многу пунктови во општина поставени за селекција на отпад, односно во овој конкретен случај за текстил. Нека не даваат на социјалните случаи, затоа што социјалните случаи ги има Црвениот крст. Значи апел е тоа – од оваа акција, нека доставуваат овдека за да може да има бенефит секој, вклучувајќи не и нас, да си го исчистиме отпадот, односно гардеробата од домот – застарената гардероба, изјави таа.

Ѓорѓиевска нагласи дека очекува продолжување на координираните активности со СВР Куманово и општинската инспекција.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Прва самостојба излобжа на фотографот Виктор Трајковски

– Очекувам да продолжи онаа синхронизирана акција помеѓу СВР и општинската инспекција. Беа повикани советниците од ромската заедница – кои се двајца во Советот на Општина Куманово – синхронизирано да одат на терен, да апелираат, да алармираат. И веќе знам дека има еден чинител што е притворен, односно приведен во СВР, и дека веќе се води некаква постапка против него, вели Ѓорѓиевска.

Loading...

Таа предупреди дека ситуацијата станува сè полоша со оглед на високите температури и ризикот од пожари.

– Меѓутоа некако колку и повеќе да работиме на терен, се повеќе се разгорува. Особено во овој летен период – ваков дим, ваков чад, ваква состојба, кога се изгор температури – навистина не треба. Апелирам до колективната свес Лушето кои живеат на „Октомвриска“, постојано праќаат клипови, постојано алармираат. Во коректен однос сум со нив, постојано праќаат нели информации. Апелирам до СВР, до началникот, до Пожарна – излегуваат на терен, меѓутоа не е тој начин ние да продолжиме со таков начин на функционирање, изјави претседателката.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Продолжува поставувањето полуподземни контејнери низ Куманово (ВИДЕО)

Никола Ивановски