Ѓорѓе Давид: Македонија за нас музичарите е многу сериозен испит (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Македонија за музичарите е многу сериозен испит, смета еден од можеби најпопуларните рокери на балканската музичка сцена, Ѓорѓе Давид, кој утревечер два часа ќе ја забавува публиката на кумановскиот плоштад по повод Денот на ослободувањето.

Loading...

– Македонија генерално како категорија за нас музичарите е многу сериозен испит затоа што знаеме дека македонскиот народ е бескрајно надарен кога е во прашање музиката па затоа и постои трема, рече Ѓорѓе Давид на денешната прес конференција организирана во Општина Куманово.

 

 

Тој го истакна Влатко Стефановски како репер за рок музиката, за гитарист, кој, како што вели, го има во сите музички енциклопедии.

Некогашниот член на познатата југословенска група „Генерација 5“ вели дека прв пат настапува во Куманово, но дека е чест да се пее за Денот на ослободувањето.

– Јас прв пат сум во Куманово како човек кој ќе свири за кумановската, односно македонската публика. Исклучително ми е голема чест особено затоа што е во прашање Ден на ослободувањето. Да се добие таа чест на Ден на ослободувањето во било која општина или град на Балканот да имате концерт е доволен показател за вреднување на некоја твоја работа и траење на сцената, рече тој.

Loading...

Она што е поразлично од пред повеќе години, е можеби пократката фризура која ја носи овој ексцентричен музичар, но останатото вели, е исто. Особено што гитарата, басот и тапанот се незаменливи и во овој век.

– Само да ги потсетам луѓето кои можеби не знаат, некогаш тоа беше долга руса коса, „Генерација 5“, сега решивме да ги следите младите и да се шишаме на кратко, но немојте да се грижите останавме на иста линија. Гитарата, басот и тапанот сѐ уште ништо не успеало да ги победи иако е 21 век иако технологијата отиде многу далеку, вели Давид.

Актуелниот член на жиритов во Ѕвездите на Гранд, најави дека утре на сцената на градскиот плоштад во Куманово ќе му се придружат и неколку Македонци кои оваа година се натпреваруваат во оваа музичко шоу.

За кандидатите од Македонија вели дека се бисер и треба да имаат медиумски простор во Макеоднија за да го покажат својот талент.

– Македонија оваа година има фантастични кандидати, смеам да кажам дека многу се посилни од кандидатите од Босна и Херцеговина кои досега држеа примат, и тоа е она што јас сакам постојано да го споменам во медиумите без разлика каде сум, дека некако тие деца кои се појавуваат немаат доволно светло на себе, зборувам првенствено за децата од Македонија, а тие знамето многу високо го носат,  со својата појава и изведување и воспитаноста што ја покажуваат пред камерите што мислам дека е ретка категорија денес кога е во праѓање забавата, затоа што воглавно се гледаат на простота, убавината се обидуваат да ја уништат со простота. Македонија сѐ уште има бисер и тоа е она за што како народ треба да бидете свесни и тоа е она што би сакал да го доживеам на тие деца да им дадете медиумски простор, потенцираше рокерот.

Ѓорѓе Давид и неговиот бенд утревечер ќе ги испеат своите најголеми хитови, од „Генерација 5“, од времето на поранешна Југославија, но во спој со некои нови преработки и песни.

Заедно со нив ќе настапи и Ивана Петерс која ќе ги отпее најголемите хитови на некогашната група „Негатив“.

Но, овие музички имиња се чуваат за крајот од утрешниот мега концерт. Атмосферата ќе ја загреат најпрвин домашни музички имиња.

Loading...

Како загревање тука ќе биде Барди кој иако е сериозно музичко име на Косово, своите корени ги влече од липковскиот крај. Тука ќе бидат и македонските ѕвезди омилени на младата публика Пајак и Таско.

Програмата, како што рече Марио Арангеловски, програмски соработник за културни манифестации и музичко-сценски дејности при Фондација за култура и спорт, е релативно богата.

– Жал ми е што не успеавме тоа да го разложиме во два дена, но сметам дека го собравме најдоброто и дека тоа ќе ви се претстави веќе утре на сите вас кои сте од Куманово или околните градови. Прв ќе настапи Пајак со почеток во 20 часот, тој е од Охрид и е многу актуелен меѓу помладите генерации. Веднаш по него во 20:40 часот ќе настапи Таско кој исто така е доволно актуелен да може да соодветствува на целиот овој настан. Веднаш по нив ќе настапи Барди кој со потекло е од Лојане, кумановско, но живее и гради сериозна кариера на Косово, изјави Арангеловски.

 

 

Како што рече директорот на Фондацијата за култура и спорт при Општина Куманово, Виктор Божурски, првично биле предвидени два музички вечери, но поради пандемијата програмата е скратена, со цел да се заштедат финансиски средства.

– По програмата предвидени се милион денари кои ќе бидат потрошени за овој концерт, но важно е да се каже, можеби некој ќе каже еве се прави уште еден концерт, но одлучивме со оглед на ситуацијата во која се наоѓаме со ковид и мерките и протоколите одлучивме да не ги трошиме тие средства да не ги трошиме, тие средства ќе останат во Буџетот и со следната седница на Совет ќе има измена во Буџетот со ребаланс тие средства ќе се префрлат за некоја друга ставка, рече Божурски.

Loading...

 

 

Организаторите ги повика сите кои ќе присуствуваат на концертот да бидат одговорни, да внимаваат на себе и луѓето околу себе, а ќе бидат запазени сите мерки за заштита од Ковид-19.

Настанот е во организација на Фондарцијата за култура и спорт, а под покровителство на Градоначалникот и Советот на Општина Куманово.

Никола Ивановски

Loading...