Гинеколог вештачки оплодувал жени: Се јавил како биолошки татко на 17 деца

Сподели со своите пријатели

Еден, сега веќе починат, гинеколог вештачки оплодил жени кои мислеле дека донорот е анонимен, со неговата сперма и со тоа станал биолошки татко на најмалку 17 деца, објави пред неколку дена болницата во која работел.

Loading...

Јан Вилдшут работел од 1981 до 1993 година во болница во градот Цволе, на северот на Холандија.

 

 

Најмалку 17 деца се зачнати со практиката на вештачко оплодување на тој гинеколог кој имал и свое семејство, соопштија од болницата, кои неговата работа ја оценија како „морално неприфатлива“.

Установата, која порано се викала Софиска болница, не ја исклучува можноста Вајлдшут да е биолошки татко на повеќе деца.

Болницата, која дознала за тоа на крајот на 2019 година, одлучила јавно да ја претстави работата на гинекологот со согласност на неговото семејство и децата родени под негов надзор.

Loading...

Случајот бил откриен случајно, кога едно од децата открило дека има слична ДНК како внук на гинекологот, кој починал во 2009 година, пишува Нова.

 

 

„Воопшто не се сомневавме дека може да биде донатор“, вели еден од родителите, додавајќи дека гинекологот оставил пријателски и искрен впечаток.

Надлежните изјавија дека нема да поведат истрага бидејќи во времето на тие дела немало регулатива за третман на стерилност.

Друга слична афера беше откриена во Холандија минатата година. ДНК тестот утврди дека поранешниот директор на банка за сперма, осомничен дека користел сопствена сперма наместо донаторска сперма, е биолошки татко на 49 деца.