Учениците од Средното општинско училиште Гимназија „Гоце Делчев“ денеска дебатираа на тема „Што значи да си полнолетен“ и пороците ан 21 век.

Како што потенцираше наставникот по психологија Соња Алексиевска полнолетството индивидуално се разликаува кај секој поденичено.
Тоа значи слобода и одговорност. Со личната карта значи повелете, сами одлучувате каде ќе влезете. Пороците започнуваат многу порано, наследството е пренесно од 20 век. Наследените пороци ги знаеме, а најнов порок на 21 век е т.н. сајбер зависност, односно онлјан игрите. Паушално гледано од опсервација од моја страна другите пороци се редуцирани, но најновиот вид е онлајн зависноста. Секако од секогаш постоело нешто, наследството се пренесува генетски и социјално, постојат и други видови пороци, но ова е најнова мода – рече Алексиевска.
На своите ученици, Алексиевска им порача да се почитуваат себе си и дека полнолетството не е лимит за годините.
Да има контрола и навистина да го доживуваат тоа полнолетство, да имаат достоинство, богатство на самосвесност, висок морал и етика, свест, првин поради себе, за себе си и за оние околу нив – додаде Алексиевска.
Според Ангела Богдановска од различни аспекти различно се сфаќа поимот што значи да се биде зрел.
Понезрелите луѓе различно го сфаќаат поимот полнолетство, односно гледаат на некој одреден начин да прослават, да добијат лична карта и да одат во клуб да се забавуваат и воопшто не им значи од друго гледиште, додека за некои други поимот полнолетен значи парво на глас, многу други права да им бидат обезбедени од страна на уставниот поредок и законите кои што се воспоставени во држава – изјави Богдановска.
Според неа, проблемот на 21 век исто така е со сајбер криминалот и сајбер зависноста, од социјалните мрежи.
Се поголем број луѓе се зависни од социјалните мрежи, Фејсбук, Твитер или Инстаграм. Постојат рехабилитациони центри кои што се бават со лечење на тие луѓе, односно зависноста од социјалните мрежи со доктори и психијатри специјализирани за таа струка. Актуелно денеска од 2010 па наваму многу е намалено користењето на наркотичните средства, но се уште постои како таква, многу луѓе кои што се дилери ги убедуваат младите да започнат со користење на дрога – вели Богдановска.


