Ги тужел пријателите кои добилие милион на лотарија бидејќи не му дале ништо од добивката

Сподели со своите пријатели

Филип Цотос од Канада ги тужел своите пријатели кои добиле милион долари на лотарија затоа што не му дале ништо.

Loading...

Имено, тој тужел 16 пријатели бидејќи му ги „украле соништата“. Им бара 70 илјади долари. Тие минатото лето купиле билет Лото Макс од позната компанија таму.

“Зошто не ми кажаа дека освоиле пари? Овие момци ми се како семејство. Нивните соништа се остварија. Тогаш зошто решија да ми ги украдат соништата”, изјави Цотос за CBS News.

Дејвид Робинс, адвокат кој ги застапува неговите пријатели, рече:

„Господинот Цотос не платил за да учествува во играта, така што нема право да бара никакво олеснување.

 

 

Loading...

Цосос потоа изнел уште едно небулозно тврдење. Тој рече дека со нив се дружел шест години и дека „морал да им плати за да продолжи да се дружи“.

Кога ги освоиле парите, Цотос наводно им должел 30 долари. Тој тврди дека му било кажано дека мора да ги врати тие 30 долари плус дополнителни десет доколку сака да продолжи да биде дел од групата.

„Прелистувајќи ги социјалните мрежи, дознав дека освоиле пари. Еден пријател, кој ја јадеше пицата што му ја доставив, чуваше чек од милион долари“, рекол шокиран Цотос, кој вообичаено работи како доставувач на пица.