Ги шокираше сите со снимка од Чернобил: Изеде радиоактивно јаболко, а еве што и се случило (видео)

Сподели со своите пријатели

Девојка која не сака да си го открие вистинското име, објавува видео снимки од своите истражувања на подрачјето на Чернобил. Ја мери радијацијата за да покаже дека местото воопшто не е опасно.

По експлозијата на нуклеарен реактов во Чернобил во 1986 година ретко кој има храброст да го посети оваа подрачје, а ако таму се упатис е задржува многу кратко. Но, една девојка, која на „Јутјуб“ се потпишува како „bionerd23“, на радиоактивното подрачје често го минува времето и тврди дека тоа што ни се претставува како опасно всушност не е.

Таа дури се снимила себеси како јаде радиоактивни јаболка. За неа ништо не е прерискантно, ниту пререадиоактивно. Со голи раце собира отпад од нуклеарниот реактор, во кругот на Чернобил, ја бркаше бесна лисица, а снимила и огромни сомови во езерото на подрачјето на Чернобил.

– Веројатно не се мутанти, поверојатно е дека се толкави затоа што никој не се обидува да ги лови, вели таа смирено набљудувајќи го мрзоволниот сом.

Девојката наводно е од Германија или долго време живеела таму. Своето вистинско име не го открива и тврди дека нејзината личност воопшто не е важна.

– Никој не би требало да го обожава научникот туку само неговата работа. Личноста тука не е важна, напишала во мејл на еден интернет портал.

Многу коментатори ја поддржуваат и и порачуваат дека е супер и храбра, додека другите се прашуваат зошто си го ризикува животот.

Loading...