Ги продаде акциите и заработи милијарди долари, но како ќе ги потроши?

Сподели со своите пријатели

Извршниот директор на Тесла, Илон Маск, заработи милијарди долари во неодамнешната продажба на акции.

Loading...

Но, што ќе прави со тие пари?

Според CNN, најверојатно дел од парите ќе ги вложи во својата компанија за вселенски патувања Space X. Тој е и директор и сопственик на контролни акции во оваа компанија.

 

Десет најбогати за 2021 година: Го зголемиле богатството за 402 милијарди долари

 

Од 16,4 милијарди долари што ги заработил од 8 ноември со продажба на акции, 11 милијарди долари ќе треба да се издвојат за плаќање федерални даноци.

Исто така, веројатно е дека ќе мора да плати две милијарди даноци во Калифорнија, каде што е седиштето на Тесла. Така ќе му останат три милијарди долари, пренесува Кликс.

Loading...

Маск одлучи да ги продаде акциите во време кога Тесла прави одличен бизнис. Таа стана шестата компанија во историјата која вреди повеќе од трилион долари, што го прави нејзиниот директор најбогатиот човек на светот, пренесува Б92.

 

 

Во меѓувреме, неговиот Space X собира стотици милиони долари во готовина за да ги финансира амбициозните цели.

Продажбата на акциите дополнително ја зголемува можноста за нивна реализација, пренесува CNN.