Поранешниот командант на руската паравоена формација Вагнер Андреј Медведев е уапсен денеска во Норвешка.
Медведев побегнал во Норвешка поминувајќи ја руско-норвешката граница на Арктикот, по што побарал азил во таа земја, пренесува Ројтерс.
„Тој беше уапсен. Размислуваме дали да побараме судска одлука за интернирањето“, изјави адвокатката на норвешката полиција Лине Исаксен.
Поранешен командант во Вагнер пребегна во Норвешка и побара азил, ќе сведочи за злосторствата
Медведев претходно изјави дека одбил да продолжи да служи во паравоените сили по истекот на неговиот договор, плашејќи се дека ќе биде погубен на ист начин како дезертерот од Вагнер, Евгениј Нужин, кој беше убиен со чекан.
„Бевме фрлени да се бориме како топовско место“, рече Медведев.
Тој изјави дека бил сведок на убиства и малтретирање на руски затвореници кои биле донесени на линијата на фронтот со Украина.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.