На виенска зоолошка градина „Тиргартен Шенбрун“ му пошло од рака да одгледува најредок вид на дива змија во светот.
Природното живеалиште на питонот, чие латинско име е Morelia carinata, е во зафрлените подрачја на Кибмерли во Западна Австралија, каде досега се забележани само 12 примероци од овој вид.
Поради тоа овој вид на змија се смета за еден од најретките во светот, а ниту една друга змија нема толку тесно подрачје на распространетост, пренесува Фена.
Се наведува дека одгледувањето на овој питон досега успеал само на неколкумина приватни одгледувачи од Австралија и австралискиот парк на рептили во рамките на проектот за заштита на видовите.


