Германските медиуми објавија разочарувачки податоци за вакцината на АстраЗенека, се огласи компанијата!

Сподели со своите пријатели

Вакцината „Астра Зенека“ против коронавирус“ не е многу ефикасна кај луѓето постари од 65 години, изјавуваат во своите изданија „Билд“ и „Ханделсблат“ од сигурни извори од германската влада.

Loading...

Во одделни извештаи, два германски медиуми објавија дека вакцината, развиена од фармацевтската компанија Астра Зенека и Универзитетот Оксфорд, е помалку од 10 проценти ефективна (според Билд) и само 8 проценти (според Ханделсблат), кај лица над 65 години .

 

 

Според извештаите во двата весници, германската влада проценува дека европското регулаторно тело нема да го одобри производот за оваа возрасна група.

Астра Зенека, од своја страна, ги опиша извештаите на германските медиуми како „целосно погрешни“.

Патем, минатиот петок, компанијата Астра Зенека неочекувано ги извести Комисијата и земјите-членки на ЕУ дека може значително да ги намали испораките на вакцини во првиот квартал од годинава поради проблеми во производството, пренесува Ројтерс.

Loading...

Leave a Reply