Германските компании имаат проблем кој може да ја загрози целата економија

Сподели со своите пријатели

Половина од германските компании тешко наоѓаат работници, откри Трговско-индустриската комора на ДИХК во истражувањето објавено денеска, предупредувајќи дека недостигот на работна сила ја загрозува конкурентноста на економијата.

Loading...

Незначително е намален уделот на компаниите кои тешко наоѓаат работници, од јануарските 53 на 50 отсто, утврди ДИХК, но проблемот е недостигот на работна сила во секторите кои бележат високи стапки на раст и бараат висококвалификувани работници.

„Ситуацијата со квалификувана работна сила останува критична“, рече заменик-извршниот директор на DIHK Ахим Деркс во извештајот „Тесните грла во понудата на квалификувана работна сила го загрозуваат успехот во клучните технологии“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Санчез најави дополнителни 2,3 милијарди евра за реконструкција по поплавите

Според сегашните проценки, 1,8 милиони работни места се непополнети во германската економија во целина.

80 отсто од компаниите очекуваат негативни последици

„Ова значи дека оваа година ќе бидат изгубени повеќе од 90 милијарди евра додадена вредност“, нагласи Дрекс, предупредувајќи дека бројката одговара на повеќе од два отсто од бруто домашниот производ.

Истражувањето покажа дека 80 отсто од компаниите очекуваат негативни последици од недостигот на работна сила.

16 отсто од нив ќе бидат принудени да инвестираат помалку во Германија, особено во секторите машинско инженерство и производство на автомобили, но и медицинска технологија и уреди за обработка на податоци.

Свесна за проблемот, германската влада годинава усвои нов закон за да им помогне на странските работници да се населат во Германија.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Петмина преживеани пронајдени еден ден по бродоломот во Црвеното Море

Повеќе од половина од компаниите сметаат дека ангажирањето странски и квалификувани работници е можно решение за проблемот со недостигот на работна сила, покажа истражувањето.