Германскиот вицеканцелар ненајавено пристигна во Киев

Сподели со своите пријатели

Вицеканцеларот и министер за финансии на Германија, Ларс Клингбаил, пристигна во ненајавена посета на Киев, објави агенцијата ДПА.

Loading...

По пристигнувањето во украинската престолнина, Клингбаил изјави дека негова цел е да разговара, во тесна координација со канцеларот Фридрих Мерц, за тоа како Германија најдобро може да ја поддржи Украина во евентуалниот мировен процес.

„Потребни се сигурни безбедносни гаранции за да се обезбеди долгорочен мир. Тесно ги координираме нашите активности на меѓународно ниво. Германија ќе ја исполни својата одговорност“, рече германскиот функционер.

За време на посетата, тој ќе разговара за безбедносни и политички прашања со претставници на украинската влада, Врховната рада и граѓанското општество.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зеленски: Сега имаме наше оружје за напади длабоко во Русија – не ни треба одобрение од САД