Германскиот увоз од Русија паднал за над 90 отсто

Сподели со своите пријатели

Германскиот увоз од Русија паднал за повеќе од 90 отсто во првата година од руската војна против Украина, што во голема мера е последица на намалувањето на руските енергетски резерви на најголемата европска економија, покажуваат официјалните податоци објавени денеска.

Loading...

Федералното биро за статистика објави дека Германија во февруари увезла стоки во вредност од 300 милиони евра од Русија, додека една година претходно увозот бил 3,7 милијарди евра.

Поради тој пад од 91 отсто, Русија падна од 11. на 46. место меѓу земјите од кои Германија увезува стоки.

Поради инвазијата на Украина, која започна на 24 февруари 2022 година, западните земји воведоа неколку пакети санкции кон Русија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Се ограничува маржата на 10 проценти, а опфатени се 100 продукти

Односите на Русија со Западот се влошија и во областите кои не беа директно погодени од санкциите, како што е природниот гас.

Русија, од која Германија своевремено набавуваше повеќе од половина од вкупното количество гас, летово прво го намали, а потоа го прекина испораките на гас во таа земја.

Германскиот завод за статистика соопшти дека увозот на руска нафта и гас е намален за 99,8 отсто од почетокот на годината до февруари, што е намален на 4,2 милиони од 2,2 милијарди евра. Увозот на јаглен е намален за 92,5 отсто, на 26 милиони од 347 милиони евра.

Во февруари Германија во Русија извезла стока во вредност од 800 милиони евра, додека една година претходно извозот бил 2,1 милијарди евра, што претставува пад од 60,5 отсто.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Се ограничува маржата на 10 проценти, а опфатени се 100 продукти